Македонија Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии

Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии

Во две собраниски комисии денеска ќе се дискутира за Предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање.

Од 13 часот, за предлог-законот ќе се расправа во Комисијата за европски прашања, во второто продолжение на 6-тата седница на оваа комисија, а од 16 часот е предвидено тој да се најде на 31-та седница на Законодавно-правната комисија.