Економија Предлог-буџетот за 2019 година денеска на владина седница

Предлог-буџетот за 2019 година денеска на владина седница

На 103. седница на Владата која ќе почне во 12 часот ќе се дебатира за предлог-буџетот за 2019 година како и за предлог-законот за извршување на буџетот по скратена постапка.

Предлог-буџетот за 2019 тежи 3,7 милијарди евра, вкупните приходи се проектирани на 210,8 милијарди денари, (3,4 милијарди евра), а порастот 3,2 проценти на домашниот бруто-производ (БДП).

Со буџетот за 2019 година се предвидува намалување на буџетскиот дефицит, кој за следната година е проектиран на 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).