Економија Предлог-буџетот за 2020 година на комисиска расправа во Собранието

Предлог-буџетот за 2020 година на комисиска расправа во Собранието

Фото: Мета.мк

Предлог-буџетот за 2020 година од денеска е на комисиска расправа во Собранието.

Приходната страна на буџетот е предвидена за 3,6 милијарди евра, а дефицитот е планирано да се намали од 2,5 на 2,3 проценти од БДП. Капиталните инвестиции за 2020 година изнесуваат 23 милјарди денари и е предвиден согласно досегашната реализација и капацитет на институциите.

За 2020 година предвидени е пораст на економијата од 3,8 проценти и е базиран на пораст на личната потрошувачка поради зголемување на минималната, просечната плата како и зголемување на пензиите.

Предлог-буџетот тежи 3,9 милијарди евра.