Дописници Предавање на Академик Грозданов за фрескоживописот на „Света Софија Охридска“

Предавање на Академик Грозданов за фрескоживописот на „Света Софија Охридска“

Во Охрид привршуваат планираните активности во рамките на „Научната и културна визита – Охрид 2016“, во организација на МАНУ.

Денеске е претпоследното предавање од страна на академик Цветан Грозданов. Како еден од најпознатите живи византолози и познавачи на средновековната уметност, тој ќе одржи предавање за фрескоживописот на „Света Софија“.

Академик Грозданов, истовремено, е еден од учесниците во изведувањето на заштините зафати и конзервацијата на фреските, на што работеле најпознати мајстори од Италија и од поранешна Југославија.

„Научната и културна визита – Охрид 2016” завршува в среда, на 27 јули, кога предавање ќе има академик Иван Катарџиев на тема „Сталин, културната автономија на Пиринска Македонија и патот на студентите од Пирин до Скопје“.