Македонија Православните го слават Бадник

Православните го слават Бадник

Православните христијани утринава со коледарските песни на децата почнаа да го прославуваат Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Традиционално, прославата ќе биде одбележана со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Бадникарскиот кум, Александар Џиковски, ќе го добие преодниот бадникарски ќуп, а свештениците ќе ги осветат нафората, чајот, ракијата и бадникарските гранчиња, што кумот и здравичарот ги набраа на падините на Водно.

Прославата пред соборниот храм завршува со примопредавање на ќупот и со кршењето на погачата со златна паричка, што се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие.