Главна секција Пратениците на 5 јули повторно ќе гласаат за Договорот со Грција

Пратениците на 5 јули повторно ќе гласаат за Договорот со Грција

Собраниската седница на која повторно ќе гласа за Законот за ратификација на Договорот за спорот за името ќе се одржи на 5 јули, договориле на денешната координативна средба претседателот на Собранието, Талат Џафери, и координаторите на пратеничките групи.

Собранието на Република Македонија го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и 40 „против“, а истиот ден тој беше потпишан од страна на Џафери и испратен до Кабинетот на Иванов, кој како што најави го врати законот во предвидениот рок без да го потпише Указот.

Минатата недела во Собранието беше доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот.

За да го изгласа законот за ратификација на Собранието му е потребно мнозинство од 61 глас „за“. Доколку повторно се изгласа, договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.