Македонија Пратениците денеска во Собрание ќе им поставуваат прашања на членовите на Владата

Пратениците денеска во Собрание ќе им поставуваат прашања на членовите на Владата

Пратениците во Собранието денеска ќе ја одржат 121. седница.

Според дневниот ред на денешната пленарна седница, како што е вообичаено секој последен четврток од месецот, пратениците треба да им поставуваат прашања на членовите на Владата.

Во 12 часот е закажана расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците треба да расправаат за извештаите за работата на Специјалното јавно обвинителство и на основните јавни обвинителства во Македонија.

Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, досега трипати ја одложи расправата за извештаите поради неприсуство на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во понеделникот ја напушти седницата со образложение дека пратениците ѝ прават мобинг.