Македонија Пратеничката Смилевска е вториот функционер во земјава заразен со корона вирус

Пратеничката Смилевска е вториот функционер во земјава заразен со корона вирус

Кети Смилевска е првата пратеничка заразена со корона вирусот. Таа викендов била хоспитализирана во болницата во Прилеп, кога ѝ се влошила здравствената состојба.

„Не само што бев изненадена,туку и непријатно се почувствував кога ја примив информацијата. Цел месец бев дома и не ми се верува дека тоа мене ми се случи во таква изолација“ – вели таа во изјава за Канал 5 телевизија.

Пратеничката вели дека не знае како се заразила со вирусот и дека ги имала сите симптоми, но дека сега се чувствува добро.

Освен Смилевска, заразен е и градоначалникот на општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев, кој исто така е во добра здравствена состојба.

Во моментов, во Македонија заразени се вкупно 908, а излечени 86 лица. Бројот на смртни случаи е 44.