Галерија „Праисториските дами од Македонија“ во Музејот на град Виница

„Праисториските дами од Македонија“ во Музејот на град Виница

Во Музејот на град Виница „Теракота“, втора недела е поставена изложбата „Праисториските дами од Македонија“ преземена од НУ Археолошки музеј на Македонија, за која идејата и концептот ги презентираше авторот и куратор на изложбата, Ирена Настева-Колиштрковска.

На изложбата се презентирани теракотни фигурини со претстави на жена од периодот на праисторијата, поточно од периодот на неолитот и на енеолитот од шестиот до средината на третиот милениум пред нашата ера. Колекцијата е збир на артефакти од музејските институции од Македонија. Сите фигурини се рачно изработени и уникатни, а биле претставувани и почитувани како идоли, заштитнички на домот, огништето и на куќата. Повеќето од нив се изведени со нагласени симболи на плодородието и на убавината. Украсени со разновиден накит и со фризури, упатуваат на еден сегмент од тогашниот секојдневен живот, грижата за убавината и допадливоста на жената што не е различно и од денешен аспект.