Uncategorized Познати почетните петорки за олстар-натпреварот

Познати почетните петорки за олстар-натпреварот

НБА ги објави почетните петорки на Источната и на Западната конференција за олстар-натпреварот, кој треба да се одигра на 15 февруари во Њујорк. Кармело Ентони и Коби Брајант ќе бидат стартери, а во петорката го нема Кевин Дурант.

На врвот се најде Стеф Кари од Голден Стејт со 1.513.324 гласови, а со него во првите пет на Западната конференција се најдоа и Коби Брајант од Лејкерс, Ентони Дејвис од Њу Орлеанс, Марк Гасол од Мемфис и Блејк Грифин од Клиперс. За Истокот, освен Леброн Џејмс, ќе играат и Пау Гасол од Чикаго, Кармело Ентони од Њујорк, Џон Вол од Вашингтон и Кајл Лаури од Торонто, кој за околу 15.000 гласови го помина Двејн Вејд.

За играчите на олстар-натпреварот одлучија НБА-обожавателите од целиот свет, кои гласаа преку интернет, а љубителите на кошарката од САД можеа да гласаат и директно во арените во своите градови.

Тренер на олстар-тимот на Западот ќе биде Стив Кер од Голден Стејт, а на Истокот ќе биде тренерот на Атланта, Мајк Буденхолзер. Олстар-резервите ќе бидат објавени на 29 јануари.