Дописници Позната програмата за одбележување на празникот 11 Октомври во Прилеп

Позната програмата за одбележување на празникот 11 Октомври во Прилеп

По повод празникот 11 Октомври, низа настани ќе се случуваат во Прилеп, од 8 до 11 октомври.

Фестивал на медот, поставување на камен-темелник на улица 11 Октомври, отворање на скејт-парк, изложби, концерти предвидено е да се случуваат во рамките на прославата.

Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот, но доколку не дозволат временските услови, истата ќе биде поместена во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Поради неповолните временски услови, натпреварот во параглајдерство, кој требаше да се одржи в сабота и в недела на полетувалиштето во Трескавец, е поместен за 24 и за 25 октомври.