Македонија Пожарот кој избувна во стан во центарот на Скопје е изгаснат, нема...

Пожарот кој избувна во стан во центарот на Скопје е изгаснат, нема повредени

Пожарот кој претпладнево избувна во стан во зграда на улица Даме Груев во центарот на Скопје е изгаснат, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот од станот на вториот кат, се проширил и на балконот на стан над него, а според информациите, нема повредени.

Полициските екипи се на терен, но засега, официјално не соопштуваат за причините за настанатиот пожар.