Свет Балкан Пожар во рафинерија во Турција, еден загинат и четворица повредени

Пожар во рафинерија во Турција, еден загинат и четворица повредени

Едно лице загина, а четворица се повредени во пожарот што изби во рафинеријата за нафта „Тупраш“ во турскиот град Измит.

Како што соопшти турската телевизија НТВ, пожарот избил синоќа околу 22.40 часот по локално време, а бил изгаснат еден час подоцна.

Локалните власти соопштија дека повредените се хоспитализирани и се во стабилна состојба.
Засега не се познати причините за пожарот.