Македонија Пожар во поранешната фабрика ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Пожар во поранешната фабрика ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Гаснењето на пожарот во ОХИС во моментов е во завршна фаза, а засега нема информации за горење на било какви опасни материи

Фото: Архива на Мета.мк

Во поранешната фабрика ОХИС во Скопје во моментов има пожар. Огнот зафатил оџак и дрвна маса во еден од објектите на фабриката, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека пријавата за пожарот ја добиле преку телефонскиот број за итни случаи 112.

„Од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената Фабрика ОХИС, каде што е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата. Известени се БППЗ на град Скопје“, соопшти ЦУК.

Гаснењето на пожарот во ОХИС е во завршна фаза, а засега нема информации за горење на било какви опасни материи. На терен се излезени екипи на скопската противпожарна бригада.

1 КОМЕНТАР

Comments are closed.