Македонија Пожар во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово

Пожар во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово

Фото: Порталб

Модуларната болница за пациенти со Ковид-19 во моментов е во пламен, објави Порталб.мк.

Пожарникарите се на терен и го гаснат пламенот. Сè уште не е познато дали има жртви или повредени. Исто така не се познати причините за избувнувањето на пожарот ноќта на прославата на 30 годишнината од независноста.

Новинарите на Порталб се на местото на настанот и ќе ја следат состојбата.