Хроника Пожар оштети три автомобила во Скопје

Пожар оштети три автомобила во Скопје

Три автомобила биле зафатени од пожар вчеравечер во Скопје. Пожарот избил во еден од нив, а потоа биле зафатени и соседните автомобили, информира СВР Скопје.

Пожарот во Противпожарната бригада бил пријавен вчера, околу 20 часот, при што било кажано дека огнот зафатил три автомобила на булеварот Крсте Мисирков. Кога скопјанец го стартувал моторот на „фолксваген пасат“, од предниот дел избил оган, по што автомобилот целосно изгорел, а биле зафатени и „мерцедес“ и „сузуки свифт“ кои биле паркирани до „пасатот“.

Пожарникарите потоа го изгаснале огнот.