Македонија Пожар на планината Петрино во Охрид

Пожар на планината Петрино во Охрид

Веќе неколку часа на планината Петрино во Охрид се шири пожар. На местото што е зафатено од пожарот има далноводи и предаватели на мобилни оператори.

Надлежните служби информираат дека двата пожари се над 110-киловолтна трафостаница. Истовремено, делови од Охрид краток период останаа без електрична енергија, а во делови од населбата Рача на источното крајбрежје сè уште нема струја.

Во моментов две екипи на противпожарната единица во Охрид, како и една екипа на НП „Галичица“ се на местото на настанот и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Пожарот се жири во правец од исток кон запад и има зафатено нискостаблести дрва, пред сè, смрека, како и борова шума. Огнената линија е широка до два километри.

Засега не се знаат причините за пожарот, односно дали се работи за испад во електричниот систем или човечки фактор.