Македонија Пожар на Китка, гори сува вегетација

Пожар на Китка, гори сува вегетација

Пожарот го пријавиле неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на Китка

Фото: ЦУК

Вечерва околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на Китка пријавиле пожар на планината, давајќи детални информации и фотографии за конкретната локација. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста сува вегетација.

„ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација, а повеќе детали се очекуваат утре“, соопштува ЦУК.

Истиот пожар претходно бил пријавен во 16.15 часот преку единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112. Пожарот е пријавен во близина на местото викано „Преслап“ над селото Палиград, а под месноста „Карпата“.

За ова веднаш биле известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“, од каде што информирале дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар. Се очекува ноќва ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне, велат од ЦУК.