Македонија Пожар го зафатил археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, опожарена дел од опремата за...

Пожар го зафатил археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, опожарена дел од опремата за ископување

Пожарот настанал околу 15 часот, а била опожарена и дел од опремата за ископување што се користи во локалитетот, инаку во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје

фото: Општина Кривогаштани

Пожар што вчера настанал во атарот на селото Славеј, Општина Кривогаштани, зафатил и дел од археолошкиот локалитет „Врбјанска Чука“, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Пожарот настанал околу 15 часот, а била опожарена и дел од опремата за ископување што се користи во локалитетот, инаку во сопственост на Центарот за истражување на праисторија – Скопје.

Од МВР информираа дека пожарот е изгаснат, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од прилепската полициска станица.

Археолошкото наоѓалиште Врбјанска Чука претставува неолитска населба и средновековни јами, каде се откриени голем број артефакти од керамика, камен, кремен и коска. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.