Македонија Повторно да се носат маски во здравствените установи, препорача Комисијата за заразни...

Повторно да се носат маски во здравствените установи, препорача Комисијата за заразни болести

Ова е пред сè за да не се пренесува заразата онаму каде што има вулнерабилни групи и кај кои може да се јави летален исход, рече Злате Мехмедовиќ, потртпарол на Комисијата за заразни болести

Image by Leo from Pixabay

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Министерството за здравство повторно задолжително да се носат маски во здравствените установи како превенција од ковид-19.

„На денешниот состанок се разгледуваше состојбата со ковид-19 и по деталните анализи што ги направивме, се донесе само една препорака, односно повторно задолжително користење маски во здравствените установи. Ова е пред сè за да не се пренесува заразата онаму каде што има вулнерабилни групи и кај кои може да се јави летален исход“, рече Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Тој рече дека бројката на заразени со ковид-19 е низок, односно во август биле дијагностицирани 112 лица. Во моментов се хоспитализирани 7 лица, од кои дел се на кислородна поддршка.

Мехмедовиќ информираше дека засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби, а околу носењето на маски во аптеките, Мехмедовиќ појаснува дека во тие објекти, препораките се неформални.