Македонија Повторен обид за почеток на судењето против Заев за „Поткуп“

Повторен обид за почеток на судењето против Заев за „Поткуп“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судското рочиште за случајот „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се товари за барање и за примање мито од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев.

Последното судско рочиште, кое се одржа на 23 јануари, беше одложено поради барањето за изземање на обвинителот Златко Биковски.

Одбраната на Заев побара изземање на Биковски, поради сомневање дека тој е дел од организирана група што го користи јавното обвинителство за да монтира судски процеси против лидерот на СДСМ од чисто политички причини.

Биковски како обвинител дојде во овој случај на последното рочиште за да го замени обвинителот Владимир Милошевски, кому му е истечен мандатот.