Македонија Повеќе закони на продолжението на 85. собраниска седница

Повеќе закони на продолжението на 85. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85. седница, на која на дневен ред се повеќе закони во прво читање и автентични толкувања.

Пратениците треба да се изјаснат за измените и за дополнувањата на законот за експропријација, на царинскиот закон, на законот за финансиските друштва, на законот за вршење услуги брз трансфер на пари, на законот за ревизија, на законот за инвестициски фондови, на законот за преземање на акционерските друштва.