Македонија Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО

Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО

Повеќе од 81 процент од Македонците сакаат членство во НАТО, а само 19 проценти се против интеграцијата на земјата во Северноатлантската алијанса, покажа анкетата спроведена од Факултетот за безбедност – Скопје пред одржувањето на Самитот на НАТО во Велика Британија за мислењето на граѓаните за безбедноста и за безбедносните закани за државата.

Со испитувањето биле опфатени 1.167 граѓани во 37 општини во Македонија на возраст од 18 до 66 години.

За зачленување на Македонија во ЕУ се 68 проценти од испитаниците, а 32 проценти се против тоа земјава да стане членка на Е“вропска Унија.

Најголем дел од испитаниците позитивно се изјасниле за тоа дека влезот на Македонија во НАТО ќе влијае на зголемување на безбедноста, модернизацијата на АРМ, ќе ја намали опасноста од надворешни напади и ќе го зголеми приливот на странски инвестиции. Мал процент од анкетираните, се подвлекува, сметаат дека членството во алијансата ќе доведе до загуба на националниот идентитет на македонскиот народ, загуба на суверенитетот и на независноста и ќе ја принуди земјата да се откаже од името Република Македонија.