Македонија Повеќе од 45.000 пациенти не се појавиле на „Мој термин“

Повеќе од 45.000 пациенти не се појавиле на „Мој термин“

Дури 45.000 пациенти не се појавиле на закажаниот преглед  на „Мој термин“ во октомври, а од почетокот на годинава таа бројка изнесува 420.000. На ортопедија, каде е најдолга листата на чекање, во просек по 2.700 пациенти месечно не доаѓале во договореното време. Министерот за здравство Никола Тодоров не најавува казни, но бара јавна дискусија за да се надмине проблемот.

– Тоа се 48.795 закажани термини на коишто докторот бил во својата ординација, здравствениот систем бил спремен, а пациентите, иако го имале закажано прегледот, на крај не се појавиле – рече Тодоров.

Поради казните, пак, кај лекарите за четири пати е намален бројот на доцнења на работа и непочитувањето на работното време. Од 162 лекари минатиот месец, во октомври се санкционирани само 40.

Пациентите пред ординација чекале подолго од еден час.

Во Данска, ако пациент не се појави на закажаниот термин или навреме не го откаже, ќе плати 70 евра. Слично е и во Канада, Германија и во Белгија, земји во кои новиот термин е на сметка на пациентот.