Македонија Повеќе од 1.000 граѓани се пријавиле на конкурсот за професионални војници

Повеќе од 1.000 граѓани се пријавиле на конкурсот за професионални војници

На конкурсот за прием на професионални војници во Амијата на Македонија се пријавиле повеќе од 1.000 граѓани, информираат од Министерството за одбрана.

Во следните денови Министерството за одбрана ќе врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите во согласност со огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на психолошки тестирања, општообразовни тестови и на здравствени и на физички проверки.