Дописници Поцрвене реката Брегалница

Поцрвене реката Брегалница

Вторпат во само неколку дена, водите на реката Брегалница се црвени. Црвената вода тече од населбата Македонка, пред Штип, каде се наоѓа колекторот за отпадни канализациони води, но и неколку индустриски капацитети, меѓу кои и фабриката за деним и џинс, „Јагје Мезлер“.

Ова е вторпат за само неколку дена водата во реката да стане црвена, а третпат е со сменета боја. Неодамна, според сведочењето на жителите на Ново Село, реката добила темна боја, речиси црна.

Еколошки инспектор излегол на терен и зел примероци по чии анализи ќе биде појасно од што и кој ја обои Брегалница.