Македонија Потпишани измените на Колективниот договор за плати во градинките

Потпишани измените на Колективниот договор за плати во градинките

Извор: Фан-страница на Фејсбук на министерката Јованка Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика Тренчевска и Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, денеска ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк на вработените во секторот детска заштита. Тренчевска изјави дека на наставниците нема да им бидат скратени платите за деновите кога штрајкуваа.

„Пред неклку дена беше донесено решение со кое се согласија двете страни да платите во дејноста на детските градинки и во образованието се зголемат за 15 проценти. Значи сите делови кои беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот Колективен договор“, изјави министерката.

Штим бидат објавени во Службен весник измените, ќе се исплатат платите.

СОНК и Министерството за образование во понеделникот договорија покачување на платите на наставниците и вработените во градинките за 15 отсто од септември.