Македонија Потпишан последниот протокол за заеднички граничен премин со Албанија

Потпишан последниот протокол за заеднички граничен премин со Албанија

Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности

Фото: Царинска управа на РСМ

Директорите на Царинските управи на Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане го потпишаа последниот Протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји.

Со потпишувањето на Протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цaел спроведување на поефикасни и олеснети гранични формалности, пократко време на чекање на граница, односно поквалитетни услуги за економските оператори и патниците.

Директорот Богоев истакна дека на овој граничен премин се завршени сите потребни инфраструктурни зафати и дека блиската соработка меѓу службите на Царинските управи и граничните полиции на двете земји ќе резултира со забрзување на протокот на стоки и патници и ќе ги подобри резултатите при откривање на нелегални активности на граница, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста за граѓаните.