Свет Потона траект на Филипини, најмалку 33 лица загинати

Потона траект на Филипини, најмалку 33 лица загинати

Траект со 173 патници и членови на екипажот се преврти на Филипини, при што, според досега достапните информации, загинале најмалку 33 луѓе, соопшти филипинската влада.

Локалната крајбрежна стража наведува дека траектот „Ким нирвана“ тргнал од градот Ормок во централниот дел на Филипините кон островот Камотес, каде се превртил и почнал да тоне. Причина, најверојатно, е лошото време.

Потрагата за патниците и акцијата за нивно спасување се сè уште во тек.

Најлошата таква несреќа се случи во 1987 година, кога траектот „Доња Пас“ се судри со нафтен танкер, при што загинаа повеќе од 4.300 лица.