Свет Постигнат договор за прекин на огнот во Сирија, соопшти Путин

Постигнат договор за прекин на огнот во Сирија, соопшти Путин

Сириската влада и бунтовничките сили постигнале договор за примирје, кое ќе стапи на сила на полноќ по локално време.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претходно рече дека Турција и Русија ќе бидат гаранти на каков било договор.

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија и дека Москва и Анкара ќе бидат гаранти. Тој нагласи дека постои подготвеност за почеток на мировни преговори.

– Пред неколку часа стигнаа вести дека дојде до развој на ситуацијата која ја посакувавме. Три документи се потпишани. Спогодбата за прекин на огнот меѓу владата и вооружената опозиција е прв. Пакет мерки за контрола на прекинот на огнот е втор. Трет е декларацијата за подготвеност да се постигнат мировни преговори – рече Путин на состанокот со министрите за надворешни работи и за одбрана.