Македонија Посебен сообраќаен режим утре на улицата кај Општина Центар

Посебен сообраќаен режим утре на улицата кај Општина Центар

Во организација на олдтајмер клуб „Класик АВЈ“ – Скопје, утре  во периодот од 09 до 17 часот, на улицата „Михаил Цоков“ (до Општината Центар) ќе се одржи меѓународна изложба на олдтајмери „Олдтајмер Ревија Скопје-Центар 2018“.

Поради тоа, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, во близина на оваа сообраќајница додека трае изложбата.