Македонија Посебен сообраќаен режим од вечерва до утре, поради Скопскиот маратон

Посебен сообраќаен режим од вечерва до утре, поради Скопскиот маратон

Максимална брзина од 50 км/ч е една од поголемите новини во предлог законот за безбедност во патниот сообраќај

Поради утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација „Виз ер Скопски маратон 2019“ со почеток во 08.30 часот, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки, почнувајќи од денеска во 19 часот, до утре (04 мај) до 18 часот.

Имајќи предвид дека ќе се одвиваат трки со различна должина и времетраење, голем дел од улиците во централното градско подрачје и околу ќе бидат затворени.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.