Свет Европа Порошенко: Прекинот на огнот се одржува, а преговорите се одложени

Порошенко: Прекинот на огнот се одржува, а преговорите се одложени

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека се одржува прекинот на огнот долж линијата на фронтот на истокот на Украина, додека планираните преговори меѓу Киев и проруските сили се одложени.

– Денеска, пред час и половина, прогласивме нов прекин на огнот. Не истрелавме ниту еден куршум и ниту еден војник не загинал – рече Порошенко.

Претседателот на Украина изјави дека неговата земја е подготвена „да го запре пролевањето крв“ , но не по цена на „одрекнување од слободата, демократијата, суверенитетот и од независноста“. Порошенко додаде дека судирот не е само војна за Украина, туку и „војна за слобода, демократија и за Европа“.

Во меѓувреме, украинското министерство за надворешни работи соопшти дека проговорите со проруските сили и со претставниците на Русија и на ЕУ во Минска се одложени и оти нема да се одржат пред петок.