Свет Европа Порошенко најави нови преговори во Минск

Порошенко најави нови преговори во Минск

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави нови преговори со проруските сили за вторник, додавајќи дека неговиот пратеник ќе присуствува на оваа клучна рунда од мировните преговори во главниот град на Белорусија, Минск.

Порошенко прецизираше дека е постигнат „прелиминарен договор“ за состанокот, кој треба да се одржи во вторник и на кој ќе учествуваат и претставниците на Москва и на ОБСЕ.

Украина и проруските сили се согласија истиот ден, на 9 декември, да почне примирјето и така да се потврди мировниот план што беше договорен во септември во Минск.