Свет Балкан Поројниот дожд поплави делови од Истанбул

Поројниот дожд поплави делови од Истанбул

Поројните дождови предизвикаа поплава во Истанбул, јавуваат турските медиуми, наведувајќи дека сообраќајот во градот е целосно парализиран.

Весникот „Хуријет“ наведува дека жителите во приградските населби се евакуираат со чамци, додека луѓето што живеат во висококатници останале блокирани во своите домови.

Поплавени се и неколку станици на подземната железница, додека тунелот кој минува под Босфор привремено бил затворен за сообраќај.

Невремето почнало доцна синоќа, а турските медиуми наведуваат дека ваков пороен дожд не е забележан во Истанбул во последните 32 години.

Министерот за транспорт, Ахмет Арслан, ја опиша ситуацијата како катастрофална, но рече дека засега нема извештаи за жртви.