Македонија Поројни дождови ќе има и деновиве, предупредува УХМР

Поројни дождови ќе има и деновиве, предупредува УХМР

Се очекува краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска и во следните денови повторно ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Се очекува краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје денеска и во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да внимаваат, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.