Свет Европа Пораст на рејтингот на Оланд по нападите во Париз

Пораст на рејтингот на Оланд по нападите во Париз

Францускиот претседател Франсоа Оланд по терористичките напади во Париз ја ужива поддршката од 50 отсто од граѓаните, што е негов најдобар рејтинг од 2012 година.

Анкетата ја спроведе „Ифол/Фидуциал“ за потребите на весникот „Пари мач“ и на радиото „Сид“.

Се оценува дека поддршката е резултат на неговиот остар говор во врска со џихадистите, одржан по терористичките напади.

Во последните три години, францускиот претседател особено лошо котираше на анкетите.
Оланд е на власт од мај 2012 година.