Хроника Поранешна директорка на ЈПКД – Дебарца осомничена за несовесно работење

Поранешна директорка на ЈПКД – Дебарца осомничена за несовесно работење

Секторот за внатрешни работи Охрид поднел кривична пријава против охриѓанка, поранешна директорка на Јавното претпријатие за комунални дејности – Дебарца, поради сомневање за несовесно работење во службата, а во врска со набавка на гориво за потребите на претпријатието.

Како што иформираат од полицијата, осомничената, иако знаела дека претпријатието имало склучен договор со „Буцко петрол“, издавала наредби на вработените да купуваат гориво од бензински пумпи.

Осомничената, според полицијата, набавките ги извршувала без да подготви платни налози и без одлука на управниот одбор на претпријатието, плаќајќи ги сметките во готово, со што го оштетила „Буцко петрол“ за сума од околу 2.600 евра.