Македонија Поради загадениот воздух, распустот во Центар ќе почне в понеделник

Поради загадениот воздух, распустот во Центар ќе почне в понеделник

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска упати барање до Министерството за образование и наука, за децата од седумте општински основни училишта распустот да почне од понеделник, 28 декември.

Ова барање е поради резултатите од извршените мерења на загаденоста на воздухот од страна на Министерството за животна средина, кои покажуваат дека во последните десет дена во општина Центар има многу високо ниво на концентрација на честички ПМ2,5 и ПМ10 во воздухот.

Доколку висината на нивото на загаденоста на воздухот биде над дозволеното, ќе се продолжи со полугодишниот распуст и наместо до 21 јануари, Жерновски бара учениците да не одат на настава сè до намалување на загаденоста на нормално ниво.