Македонија Поради свлечишта, отежнат сообраќајот на делниците од Прилеп кон Ресен и кон...

Поради свлечишта, отежнат сообраќајот на делниците од Прилеп кон Ресен и кон Македонски Брод

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3, меѓу Прилеп и Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е сè уште во прекин и возилата се пренасочуваат низ градот Битола, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, сообраќајот се одвива отежнато и на патниот правец Прилеп-Македонски Брод, Р-1107, стационажа 35. километар, поради појава на свлечиште.

На патниот правец Прилеп – Македонски Брод Р-1303, на 27. километар, поради слегнување на асфалтот на патот, сообраќајот, исто така, се одвива отежнато и на местото е поставена соодветна патна сигнализација.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.