Свет Поради смогот во Пекинг, затворени автопатите и откажани десетици летови

Поради смогот во Пекинг, затворени автопатите и откажани десетици летови

Пекинг и други градови во Северна и во Централна Кина ги покри густ смог поради што властите откажаа десетици летови и ги затворија автопатите.

Бирото за заштита на животната средина во Пекинг го продолжи портокаловото предупредување за зголемено загадување на воздухот уште три дена, иако се очекуваше смогот да се намали до денеска.

Портокаловото предупредување е од трет степен, пред најголемото црвено предупредување.
Вчера во 25 кинески градови објавен е црвен аларм на смог, поради што беа затворени фабрики, училишта и градилишта.

Кина се бори против загадувањето на воздухот чии најголеми предизвикувачи се произведувачите на енергија со согорување на јаглен, како и големиот број стари автомобили.