Македонија Поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ, од 17 часот денеска сменет сообраќаен режим во...

Поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ, од 17 часот денеска сменет сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од 17 часот во центарот на Скопје ќе биде изменет сообраќајниот режим.

Поворката демонстранти ќе се движат од плоштадот ВМРО десно по улицата „Даме Груев“, потоа право по улицата „Васил Главинов и по булеварот „ВМРО“ од каде ќе свртат лево кон зградата на Владата.

Овие и околните сообраќајници во времето на протестот ќе бидат во одредено време затворени или пак сообраќајот ќе се одвива вон стандардниот режим, а ќе биде регулиран од полицајци.