Свет Поради поплави, од Џакарта евакуирани повеќе од 6.000 граѓани

Поради поплави, од Џакарта евакуирани повеќе од 6.000 граѓани

Повеќе од 6.000 жители се евакуирани од Џакарта, главниот град на Индонезија, поради обилните монсунски дождови што паѓаат десетина дена.

Поради најавите дека силните дождови во ова подрачје ќе паѓаат најмалку уште една недела, гувернерот на Џакарта нареди мобилизација на силите за спасување и определи 28 локации од кои ќе се координира акцијата за заштита од поплавите.