Македонија Поради магла намалена видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, Буково...

Поради магла намалена видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, Буково и Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и додаваат дека засега забележани се врнежи од снег со слаб интензитет само на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Поради појава на магла, додаваат од АМСМ, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, додека на планинскиот превој Стража видливоста е намалена од 20 до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.