Македонија Поповска: Ова е арогантно покажување сила и вовед во нова дестабилизација

Поповска: Ова е арогантно покажување сила и вовед во нова дестабилизација

Пратениците во Собранието во отсуство на опозицијата ја почнаа расправата за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ за распуштање на Собранието.

Против тоа оваа одлука да се стави на дневен ред беа пратеникот Павле Трајанов и пратеничката Лилјана Поповска.

Павле Трајанов рече дека оваа одлука е спротивна на Уставот и дека вакви одлуки треба да се донесат со согласнот на сите политички партии, особено кога станува збор за политички договор.

Пратеничката Лилјана Поповска рече дека таа е против распуштање на Собранието на ваков начин, без опозицијата „за која сите се бореле да се врати во собранието и која е потребна за важните одлуки“.

За Поповска ова е „арогантно, некоректно, непринципиелно и води кон нова дестабилизација на Македонија“.

Досега вкупно осум пратеници се пријавени за дискусија по оваа точка.