Македонија Попоски во Загреб ќе го преземе претседавањето со Јадранската повелба

Попоски во Загреб ќе го преземе претседавањето со Јадранската повелба

Вицепремиерот и шеф на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба: Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, што се одржува во Загреб во рамки на хрватското претседавање со повелбата.

Како што соопштуваат од МНР, на состанокот се очекува министрите да разменат мислења за актуелната политичка состојба и за безбедносните предизвици во ЈИЕ, со посебен акцент на евроатлантските процеси во регионот.

На министерскиот состанок, Македонија и формално ќе го преземе претседавањето со Јадранската повелба.