Македонија Попоски на неформален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ

Попоски на неформален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска и утре во Амстердам ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, на кој се поканети и земјите-кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот, предвидено е Попоски да има билатерални средби со своите колеги од земјите-членки и од земјите-кандидати за членство во ЕУ.