Македонија Попоски и Бесими на работен состанок во Брисел

Попоски и Бесими на работен состанок во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, и вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, ќе учествуваат на неформален работен состанок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, што ќе се одржи денеска во Брисел.

„Состанокот, кој е во функција на европската интеграција на Република Македонија, се одржува на иницијатива на министрите за надворешни работи на Унгарија и на Австрија, Петер Сијарто и Себастијан Курц, а ќе учествува и еврокомесарот Јоханес Хан“, соопшти МНР.