Македонија Попоски: Хан не дојде во Скопје со волшебно стапче

Попоски: Хан не дојде во Скопје со волшебно стапче

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска истакна дека еврокомесарот Јоханес Хан не дојде во Скопје со свој план или со волшебно решение, туку со јасна порака дека сите во Македонија имаме одговорност за процесите да се одвиваат во рамки на соодветните демократски институции.

Тој посочи дека Европската комисија и комесарот Хан очекуваат политичка зрелост од сите чинители во земјава.