Свет Поплавите во Луизијана усмртија осум лица

Поплавите во Луизијана усмртија осум лица

Осум лица загинаа во поплавите кои ја зафатија сојузната американска држава Луизијана, соопшти локалните власти.

Како што јавуваат американските медиуми последната жртва е регистрирана во Батон Руж.

Според податоците на локалните власти, повеќе од 20.000 луѓе се спасени од поплавите, околу 11.000 се во засолништа. Поројните дождови кои викендов ја зафатија Луизијана предизвикаа поплави, а нивото на водата во одредени места достигна и до 2,5 метра.